Телевизија и геј

Актуелната есенска тв сезона има најголем број на хомосексуални ликови во историјата на американската телевизија, се објавува во извештајот Where We Are on TV.

Во анализата на 97 телевизиски серии (без реални шоуа) преброени се 31 геј или лезбејски карактер, од вкупно 700 ликови кои регуларно се појавувале во сериите.

Ова е вкупно 4,4% од сите актери, што е сериозен раст во однос на 2011-та, кога имало 2,9%. По канали најголем број хомосексуални ликови има на ЕјБиси, по него следува Фокс а на трето е СиБиЕс.

Инаку, генерално се уште има повеќе машки ликови на телевизија отколку женски, а споредено со минатата година пораснат е и бројот на црнци во сериите од 9,9 на 12 проценти.

8 октомври 2012 - 15:09