За кога ќе пројде интересното

Кога веќе знаеш дека некој се мажи со тебе заради пари, не разумно е да не се обидеш од целата работа и ти да извадиш некој ќар, па макар тоа било и неколку пати неделно да ти прават ручек.

Во разговор за Њујорк Пост неколку врвни њујоршки адвокати ги откриле најлуцидните барања што идните брачни партнери ги ставаат во пред-брачните договори.

Па така, кога еден богаташ се подготвувал за свадба, тој во договорот навел дека идна сопруга ќе треба да се откаже од 10.000 долари од џепарлакот ако надмине тежина од 77 килограми. И тој самиот се сложил да и плаќа пенали на сопругата ако тој ја надмине границата од 109 кг.

Други клиенти се спореле околу зелената боја, поточно идната сопруга потпишала дека никогаш нема да носи зелено, а ако облече мажот има право да го уништи.

"Еден сопруг бараше четири домашно зготвени оброци неделно или во спротивно сопругата ќе го изгуби целиот џепарлак," раскажува водителката на шоуто "Millionaire Matchmaker," Пати Стангер.

На листата на барања се и сопругата да не смее да ја шиша косата или да мора да мора да абортира во случај да остане бремена.

Најчестата клаузула која се појавува во договорите се однесува на неверноста.

27 септември 2012 - 14:30