
На конкурсот организиран од градоначалникот на Лондон и градскиот Музеј за пејсаж, се барале предлози од кои градот ќе може да развие сопствена верзија на High Line.
Меѓу генерално хортикултурните концепти, се одвојувала идејата на [Y/N] Studio, според кои сите на погрешно место го барале одговорот на проектот.
"На Лондон не му треба повеќе зелен простор. 38% од градот веќе е зелен простор," порачале од студиото.
Наместо тоа тие предлагаат создавање на нова мрежа за одење и враќање и од работа која ќе го претвори 13,8 километри долгиот Регент Канал во лента за пливање, која би им дозволила на жителите на Лондон да пливаат до работа, а зимно време иститот канал би служел за лизгање на мраз.
Водата во каналот би се филтрирала преку повеќеслојна мембрана која ќе ги острани сите бактерии и токсични материјали.
"Наместо само да се трупа нефункционален и неискористен зелен простор, ова би создало нова мрежа во Лондон. Корпоративните спонзори и понатаму ќе можат да одржуваат голем број настани на каналот, благодареќи на лебдечките платформи и амфитетарот," обајснуваат од студиото.