Да (не) се чека?

Не дека на некој му треба убедување, ама сексот пред брак не само што е пожелен туку е и здрав, пишува во својот текст за сексуалната етика колумнистката на Гардијан.

Прашањето кога прв пат да имаш секс е личен избор, проблемот настанува заради притисокот од владата и општеството да се чека.

"Советот вечно да се чека за да се искуси фундаментално човечко задоволство е бесмислено и сурово," пишува Џил Филиповиќ.

Таа сериозно забележува на сите владини кампањи кои им порачуваат на луѓето да чекаат до брак, бидејќи "на тој начин буквално финансираме идеја која никогаш не функционирала во историјата на човештвото."

Освен тоа, сексот пред брак им дозволува на паровите да ја утврдат нивната сексуална компатибилност.

"И додека старата поговорка е дека мажот нема да ја купи кравата ако бесплатно го добива млекото, верувајте ми дека ако јас ја купувам кравата, ќе се осигурам дека млекото и е по мој мерак," порачува Џил.

На страна тоа што луѓето кои чекаат брак за првиот секс, имаат повисока стапка на разводи и понесреќни бракови, самиот секс во кое било време позитивно влијае на физичкото и менталното здравје на луѓето (секако треба да се има во предвид дека претерувањето на оваа тема има последици).

25 септември 2012 - 09:41