Промената на номенклатурата е заради унифицирање на документите и формуларите за брак на хетеросексуалните и на хомосексуалните парови. Во иднина како заеднички збор ќе се користи "родител."
Според новиот предлог закон "бракот е заедница меѓу двајца луѓе, од различен или ист пол."
Целата работа Католичката црква ја дочека со огорчување, порачувајќи им на верниците дека геј браковите може да доведат до легализирање на инцестот и полигамијата.
Водечките француски католици објавија и "Молитва за Франција" во која порачуваат: "децата не треба да бидат потчинети на копнежот и конфликтите на возрасните, за да можат целосно да уживаат во љубовта на нивните мајка и татко."
Претходно, папата Бенедикт XVI покани 30 француски бискупи во Ватикан за да ги поттикне да се борат против новиот закон.