Таг: мајка

Паниката наречена 4-то дете

Сè тоа со бременост и дете и слично е убаво, само веројатно убавото се намалува кога жена ти по 4-ти пат ќе ти остави во кујна позитивен тест за бременост. И тоа не само што се намалува, туку се претвора во комплетна паника и избезуменост, а помош ти нема. Има блицови надеж, ама ништо повеќе од тоа.

„мајка!“ (2017)

Веројатно најдобриот опис на „мајка!“ има дадено Кол Нидхем, основач и извршен директор на IMDb: „Ова е како Шредингеров филм. Во кутијата има дело кое е истовремено и многу добро и многу лошо“. Работата е да се осмелиш да ја отвориш кутијата и да процениш со свои очи.

Миа

Срцето на Миа велат докторите имало дупка. Дупка низ која се гледаат некои други светови. Светови полни болка и неизвесност дали ќе издржи тоа тело да го операрираат оние кои се нафатиле да остават во живот две очиња и коски тешки цели три килограми. 

Елена

Има такви жени што се предодредени за себежртвување. Жени што мислат дека цел живот некому и нешто должат. Жени што се родени за ништо друго освен да бидат мајки. Мајки и само мајки.

Идиоти од Арис му пцуеа почината мајка на Дијамантидис

Навивачите во Грција се познати по хулиганските испади, нереди, инциденти и темната страна на спортот. Тоа го докажаа и оние од Солун кои навиваат за Арис а кои му пцуеа почината мајка на легендарниот грчки кошаркар Димитрис Дијамантидис а судијата го прекинуваше натпреварот. Во полуфиналето на грчкиот плејоф, Арис намали на 1:2 во серијата до три победи.

Престанете да се трудите да им го направите детството 'магично'

Да можеа нашите баби и прабаби видат каков притисок сами си создаваат модерните мајки, ќе мислеа дека полуделе. Од кога да се биде добра мајка значи да трошиш денови и денови смислувајќи слободни активности на децата и да мозгаш како да им понудиш волшебни мигови? "Детството само по себе е магично, олабавете", порачува една мајка.

Имам нешто да ти кажам

Денес е ден на мајка ми, а и на мајка ти. Мој, на моите пријателки, на мајките на моите пријателки, на мајка и на мајка ми, на мајка ти стара, молчалива, прекрасна или досадна, зболеста или дебела, избраздена, уморна, болна, распеана, на мајка ти голема, на мајка ти која ти е потпoра, утеха, мелем, сигурност, заштита и среќа. На мајка ти која ти е другар. На мајка ти со која повремено не се согласуваш. На мајка ти која ќе биде многу причини за тоа што си, за тоа што не си и за тоа што ќе постанеш. И на мајка ти која веќе ја нема.

„Јас сум мајката на Адам Ланза"

„Уште колку деца треба да умрат пред да се сменат законите за огнено оружје во САД" - ова е очајниот повик кој го упатуваат Американците по завчерашното пукање во Конектикат. Но фокусирајќи се на достапноста на оружјето, дебатата не зема предвид еден позначаен проблем - оној на менталното здравје.

Во Франција повеќе нема мајка и татко

Сите официјални француски документи ќе останат без полињата "мајка" и "татко" како дел од подготовките на државата за легализирање на геј браковите.

Една е мајка

Внимателно со клипов бидејќи до крајот на видеото нешто може да ви скокне од тастатура и да ве удри директно во око, па да почнете да солзите. Или некој баш тогаш да фати да чисти кромид. Или некоја мушичка да ви влезе во око.