"И мене не ми се верува дека до вчера најмоќниот човек на светот има трпение да црта кучиња и да слуша инструкции од професор по ликовно," вели близок човек на семејството Буш кој на новинарите им го откри пензионерското хоби на Џорџ Буш.
Богатото и влијателно семејство има свое ново гајле, помладиот брат на Џорџ Дупло ве, Џеб Буш кој исто така пројави политички, а според некои извори и претседателски амбиции. А на Дуплове му е сосема добро познато дека политичкиот товар на постар Буши не е лесно да се носи на плеќи. Затоа постариот брат бил скептичен кон политичката перспектива на помладиот.
Џорџ на последниот роденден на својот татко одржал изненадувачки ладен и апатичен говор.
"Изгледаше крајно изненаден што мора да оддржи говор и да им се обраќа на луѓе. Тој никогаш па ни денес не сакал луѓе," сведочи очевидец на роденденската забава.
Оттука, и не е многу чудно што решил да црта кучиња.