Ако Џеб не се кандидираше за претседател, Трамп ќе требаше да го измисли, пишува Атлантик. Човекот е совршена почва за подемот на Трамп, затоа што не знае да врати и да го искаже бесот како неговиот конкурент, и затоа што неговата кандидатура е школски пример за сите проблеми околу финансирањето на кампањата за кои Трамп цело време ги прозива Републиканците.