"Луѓето од Ајова, Њу Хемпшир и Јужна Каролина го кажаа своето и јас го ценам нивното мислење и ја прекинувам кампањата", изјави Џеб Буш по последното одмерување на силите во кое победник е Доналд Трамп а на второ место речиси изедначени се Рубио и Круз (со мала предноста на првиот).
Сепак, аналитичарот Рајч смета дека Круз е поопасен од Трамп.
Но, да не го аболицираме прерано Трамп чии гледишта стануваат се побизарни. На кампањата во Јужна Каролина тој предложи едно сценарио за муслиманите, да се убиваат со куршуми натопени во свинска крв. Имено, на стандардната тема за тероризмот и националната безбедност, Трамп на симпатизерите со одушевување им ја раскажа апокрифната приказна за масакрот на муслимани изведен од генералот Џон Першинг.
"Тој зема 50 куршуми и ги натопи во свинска крв. Неговите луѓе ги наполнија пушките со тие куршуми имајќи пред себе 50 луѓе. Убија 49-мина а на 50-от му рекоа: 'А сега врати се кај твоите и раскажи им што си видел'. 25 години после ова имаше мир," рече Трамп.
А занимлива е таа приказна на Џеб Буш. Тој се смета за најбистриот претставник на оваа семејна политичка династија па сепак не успеа ни да се приближи до местото кое го освои неговиот далеку понедоделкан брат Џорџ.
"Ако овие избори се сведат на тоа само да се тепаме а ништо да не направиме, не сакам да учествувам во нив. Јас имам толку многу поинтересни работи да правам со себе отколку да седам, да се чувствувам мизерно, да слушам како ме демонизираат и да посакам да им вратам со иста мерка. Тоа е смешка. Ако луѓето го сакаат тоа, нека го изберат Трамп", изјави Џеб Буш.
Така зборуваат нормалните. Така и завршуваат нормалните.
p.s. Хилари го тепаше Сандерс со Невада.