Анализа на преку милијарда пребарувања на веб сајтови кои се бават со онлајн продажба на авио билети покажала дека со паметно и навремено резервирање може да се заштеди меѓу 20 и 30 проценти.
Резервирање 34 дена порано, по можност да отпатувате во вторник а да се вратите следната среда е едно од најоптималните авио сценарија.
Доколку планирате да останете подолго, тогаш најдобра варијанта е заминување в сабота а враќање в недела.
Препорака е и да ги проверите околните денови бидејќи ден-два порано или подоцна од вашиот план исто така може да ви донесе парична заштеда. ПОлна цена ќе си платите доколку инсистирате да заминете во следните 7 дена.