Спасот се вика Bytox Hangover Prevention Patch, измислен е од еден американски хирург и ги надоместува витамините и киселините што се губат од пиењето алкохол.
Фластерите (со сличен дизајн на оние против пушење) корисниците треба да ги залепат на кожа, најмалку 45 минути пред да почнат да пијат и да не ги вадат сè до следниот ден или 8 часа откако престанале да пијат.
Состојките кои ги има во фластерот се: витамин Б, акаи, витамин А, Д, Е и К и фолна киселина.
Производителот нагласува дека фластерот само ќе ви помогне утредента да не страдате од мамурлак, но на ниту еден начин нема да ве спречи да се опиете или да се глупирате.
Сè уште нема никакви информации за фластер кој би спречувал спиење во кафеана.