На конкурсот "Archtriumph" понуден е мостот Трамболина, кој како што кажува името буквално ќе биде џиновска трамболина. Ќе биде поделен на три дела, направени од пловки од ПВЦ и ќе биде прекриен со мрежа за трамболина.
Мостот е базиран на концептот на среќа, и треба да биде нешто забавно и несериозно, што би помогнало да се справиш со "стресот во Париз".
"Нам ни изгледа дека Париз има мостови и премини кои се неопходни за протокот на сообраќајот и пешаците преку водените појаси. Нашата намера е да ги поканиме посетители и жителите да се вклучат во нов и многу по разигран начин за преминување преку водата," пишува на сајтот на архитектонската фирма AZC, која го преложи мостот.
Француската престолнина има 37 мостови. Последниот беше изграден во 2006-та, а најстариот мост во градот е од 1607-ма година.