Паркот на 4-те слободи

Речиси 40 години откако беше најавен, Њујорк го отвора "Френклин Рузвелт паркот на 4-те слободи," сместен на островот Рузвелт меѓу Менхетен и Квинс.

Во 1973-та, островот сред Њујорк беше преименуван по 32-от американски претседател. Истата година архитектот Луис И. Кан започнува со дизајнот на паркот. Кратко по комплетирањето на нацртот тој умира. Ова и долги години финансиски проблеми ја одложуваат изградбата.

Кан умира на 73-години, од срцев удар во јавен тоалет во метрото во Њујорк. Биле потребни 3 дена да се идентификува неговото тело.

Конечно во 2005-та плановите повторно стануваат актуелни а во 2010-та започнува изградбата, која во најголем дел е финансирана од приватни донации. Изградбата чини десетици милиони долари.

"Кулминацијата" на паркот е плоштадот опколен со три ѕидови, сите направени од 36-тони тешки парчиња гранит.

На северниот ѕид се четирите слободи за кои Рузвелт сметал дека треба да се темел на светот: слобода на говор, слобода на вера, слобода на еднаквост и слобода од страв. На исток се Обединетите нации, институцијата што тој ја сметал за надежта на светот, а на југ е Статуата на слободата и патот за Европа.

Официјалното отворање на паркот е на 24-ти октомври.

 

22 октомври 2012 - 17:29