Водечката германска туристичка агенција на својата листа нуди 60-тина хотели во кои е забранет престој на деца и малолетни лица. Вакви хотели има и во Франција, Швајцарија, Австрија, Велија Британија, Шведска и Турција.
Забраната за деца е едно од најпопуларните решенија во она што е растечки тренд во хотелиерскиот бизнис: наместо општа, се нуди специјализирана понуда само за одредена групација луѓе - самци, хомосексуалци, двојки, свингери, жени кои патуваат сами, што и да е.
Во истата Германија не се ни помислува да се воведе забрана за пензионери, што е разбирливо ако се знае дека нив ги има повеќе а имаат и поголема платежна моќ од младите. Всушност, 40 проценти од сите патни аранжмани во земјата ги прават лица над 50 години.
Слична е ситуацијата и во Холандија но таму постојат објекти кои ја одредуваат горната старосна граниа за своите клиенти. Таков е ланецот хостели Flying Pig кој во име на зачувување на лежерната атмосфера во хостелите не прима гости под 18 и над 40 години.
Хотели во кои децата не се добредојдени има и во Флорида, Австралија, Нов Зеланд и Фиџи.