Семејство Шодае

Од "го земам презимето", преку "ќе го додадам неговото" и "ќе го задржам само моето," сега стигнавме до - "ќе ги смешаме двете презимиња".

Само во 2012-та, околу 800 парови во Британија се решаваат на "мешање" на презимињата. Формулата по која тие се комбинираат е нешто слична на "Бранџелина," така на пример наместо да се бира семејното презиме меѓу Pugh и Griffin, брачниот пар сега е унифициран во Puffin.

"Миксот на презимиња прерасна од ретка новост, во една од главните причини зошто денес некој бара формулар за менување на името. Многу луѓе сметаат дека комбинацијата на презимиња е поромантична отколку додавањето на презимето," објаснува портпаролката на Бритаското оделение за официјално менување на имињата.

Меѓу примерите што тие ги даваат се комбинации на Clifton и Mole во Moltons, на Price и Nightingale во Prightingales, и Harley и Mr Gatts во Hatts.

Новиот тренд е посебно популарен кај паровите на возраст меѓу 20 и 30 години.

9 ноември 2012 - 17:25