Најчесто "компензацијата" е во корист на времето, заради што е и помалку веројатно дека брзите одлуки да бидат точни. Иако ова и до сега беше познато, сепак неговата научна основа слабо беше разбрана.
Проблемот е што во тоа што иако е лесно да се тестира брзината и точноста кај луѓето, тоа не е толку лесно да се направи на ниво на неврони. Ова е изводливо со мајмуни, меѓутоа нив не можеш да ги контролираш и да ги натераш да се менуваат меѓу "брзо" и "точно" донесување одлуки.
Решението што го имаат најдено од Универзитетот Вандербилд е воведување на две различни игри (за мајмуни). Во едната се нагрдуваат брзите одлуки и се дозволени неколку неточни одговори, во другата се наградени само точните одговори без сметање на времето.
Она што прво се забележува кај играчите на првата игра е зголемување на невралната активност дури и пред да се прочита прашањето, додека таа била намалена до најниско ниво кај мајмуните кои учествувале во втората игра.
Заклучокот е дека активноста на невроните била засилена секој пат кога се барало брзина, додека истата била потисната кога била важна прецизноста.
Ова е спротивно на досегашната теорија според која мозокот ги користи истите процеси за сите видови одлуки.