Истражување од 2005-та покажа дека квалитетот на сонот е позитивно поврзан со простувањето а негативно е поврзан со желбата за одмазда. Со други зборови, омразат кон некого води кон несоница.
Една претходна студија ги спореди психолошките реакции на различни видови прошка. Истражувачите прво направија две групи по основа на тоа дали "простуваат по навика" или "простуваат како реакција на одреден настан." Учесниците требало да раскажат две приказни, една за тоа како ги има предадено партнер или пријател, и една за иста ситуација со еден од родителите. На крај членовите од двете групи кои решиле да простат, имале многу понизок крвен притисок и посмирена работа на срцето.
Неодамнешната студија на Универзитетот Дјук (кај ХИВ позитивни пациенти) откри силна поврзаност меѓу подобрениот имунитетен систем и простувањето.
Голем број доктори раскажуваат за случаи кога нивите пациенти повеќе немале потреба од лекови, откако решиле да простат некоја стара навреда.