"Нема тоалет, нема невеста" е наслов на кампањата покрената од индиското министерство за рурален развој која има за цел да обрне внимание на фактот дека повеќе Индијци имаате мобилни телефони отколку пристојни вц-а и купатила.
Од 1,2 милијарди Индијци, 75 проценти имаат мобилен апарат а само 50 проценти домаќинства се со тоалет во домот. Од таа половина, само 11 проценти се поврзани на централен канализационен систем.
Затоа министерот Џајрам Рамеш отворено им порача на гордите родители кои имаат ќерки за мажење да не консултираат астролози пред свадбата туку прво да проверат дали зетот имам купатило во куќата.
Истиот министер пред некое време прилично ја повреди суетата на добар дел од граѓаните нарекувајќи ја Индија "најголемото полско веце на светот", бидејќи дури 60 проценти од населението ги задоволува своите потреби на отворено.