Таг: свадба

Ви само мислите дека сте виделе драма на свадба

Драма на свадби обично се случува заради пијани гости кои се рчнале заради ним познати правдини. Овие не ни стигнаа да се напијат пијачка. Свадбата стигна некаде до влегување на младоженците во салата. Најмалку еден од младоженците, зетот, знаеше дека невестата го измамила со сопругот на нејзината трудна сестра.

8 шминкерски грешки што ги прават невестите

Шминкер што работи со невести седум години, споделува со Инсајдер кои се најчестите грешки во изгледот што невестите ги прават токму на денот на свадбата.

Се носат ли деца на свадба?

Да го видиме тој мудоња што на македонска свадба на поканите ќе напише „без деца“ и ќе остане жив. Ама сериозно, што ако сакаш да правиш свадба и едноставно не сакаш да ти се мотаат деца, бе?

Да го видиш Никола Јокиќ како игра на свадба

Еден од најдобрите центри во НБА во изминативе пар сезони, српскиот репрезентативец Никола Јокиќ се оженил во својот роден град Сомбор со својата долгогодишна девојка Наталија. Отвориле со хитот на Ѓорѓе Балашевиќ, а „Џокер“ игра во голем стил како против најголемите ѕвезди во НБА лигата.

На свадба му дошле тетки, братучеди, комшии и Нголо Канте

Во светскиот фудбал има аксиома: Нголо Канте е со сигурност еден од најскромните и најпријатните играчи, далеку од бурниот живот на суперѕвездите од насловните страни. Канте е људина.

Ако е свадба нека е од 100 милиони долари

Освен што сите разбравме дека ни за Бијонсе нема срам од фаќање тезга на свадба (работа ко работа) и дека и Хилари Клинтон ќе најде време за свадба да патува преку пола свет (хонорар ко хонорар), впечатокот за најскапата свадба на светот се затвора со цехот што ќе треба да се плати - 100 милиони долари.

Најлудата свадба во Хрватска за време на Мундијалот

Батали сега делење похован кашкавал и пирошка, сечење торта, фрлање бидермаер и слични такви процедурални свадбарски обичаи. Хрватска игра осминафинале и ќе треба да се гледаат пенали.

Бакшиш на колото

Врти околу тебе а ти во џеб имаш крупно па не ти дава срце или имаш картичка а банкомат 100 километри подоле кај бензинската. И се фаќаш за заден џеб.

Детето кое нема да стане заштитниот лик на војната во Јемен за милиони луѓе на Западот

Во една ужасна глетка по бомбардирањето на свадба во Јемен од страна на Саудиска Арабија, мало дете грчевито се држи за мртвото тело на својот татко сред урнатините. Ама можеш да ставиш кладба дека тоа нема да стане ликот на војната во Јемен во меинстрим медиумите, пишува Александар Антонов во РТ.

Документарец за свадби без невеста и зет

Прекрасна можност за оние кои не можат да се одлучат да рипнат во тавче заради стресот од целата церемонија. Има и начин да стапиш во брак без воопшто да бидеш присутен на сопствената свадба. Додуше во моментов не и кај нас.

Додека ние го бричиме зетот

Холандски свадбарски фотограф прави фотографија од младенци која станува вирална и толку парови решаваат да ја копираат што почнува да ги изместува свадбарските традиции.

Здравко Мамиќ топ не го бие

Го нападнаа физички, па пукаа со пиштол во него и го ранија во нога, па му се закануваа и го заплашуваа, а тој одговори со шоу на свадбата на син му Марио.

Италијанката што се ожени самата со себе

Со 41 година и пукнат филм од чекање на правиот маж, Италијанката Лаура Меси направи свадба со самата себе, нешто кое стручно се нарекува - сологамија и е подеднакво забрането како полигамија.

Деца на свадба, и зошто не

Ни тие нејќат да бидат таму, ни вие не сакате тие да бидат таму, а сепак таму се.

За малку невеста на денот

25-годишна невеста откажува свадба од за сега необјавени причини. Свадба за која сè платено, а парите нормално дека не се враќаат. Се решава на потег кој е совршена комбинација на човечка добрина кон тие што немаат, и човечко зло кон тие што не враќаат платени пари.

Хрватските репрезентативци, Мамиќ и Саша Матиќ

Изминатиот викенд фудбалерот на Реал Мадрид, 23-годишниот Матео Ковачиќ во Дубровник направил лускузна свадба, а меѓу гостите бил и Бразилецот Марсело којшто се чудел кога го гледал Мамиќ како игра додека Саша Матиќ му пее.

Честито за трансферот во Русија, ама да ми платеше за свадбата

Бразилскиот репрезентативец Фернандо ќе заработува 3,5 милиони евра годишно и ќе остане должен во Италија 1.500 евра затоа што не му платил на фотографот. Дел од неговиот одговор за обвинувањата: А порцијата на мајка му кој ќе ја плати?

Ѓоковиќ зема микрофон на роденден и се распеа

Најдобриот светски тенисер синоќа на роденденот на неговата сопруга Јелена покажа дека знае да удри бекхенд и форхенд со микрофон.

Само за развод да не викаат

Бракот како заедница меѓу маж, жена и Калашников, и по некоја Берета.

Свадба, ама не за озбилно

На Аргентинци кои задоволно живеат во неофицијализирани врски, сè почесто им фали свадба. Па сè почесто и решаваат да прават свадба, ама, кобајаги.

Турска свадба на која биле нахранети 4.000 бегалци

Наместо да ги тераат вообичаените свадбени адети и да ги потрошат парите за веселба на своите пријатели, млада брачна двојка од Турција решиле на својата прослава да ги поканат и бегалците од соседна Сирија.