Во јуни месец на секои четири години се игра Светско првенство, ама е тоа е и месец на свадби и за да се најде компромис ќе се гледа барем крајот.
Хрватска и Данска одиграа 1:1 во регуларните 90 од осминафиналната пресметка, а потоа следуваа продолженија.
Тоа значи дека зетот Томо и невестата Мирна, заедно со кумот, старосватицата, сватовите и сите други гости, ќе се спремаат за пенали. После голот на Ракитиќ одиме со дупло весеље.
Поголема мундијалска атмосфера на хрватска свадба немате видено, фалеше уште топки да земат да рогаат.
Вечни да се и младоженците и Ракитиќ.