Фотографиите и видеата се направени по минатонеделното бомбардирање на северозападната провинција Хаџа. Детето на возраст од 7-8 години одбива да се оддели од телото на својот татко, додека спасувачите се обидуваат да го тргнат.
Детето со часови седи залепено за телото, според сведоците повторувајќи дека татко му спие и во секое време ќе се разбуди и ќе го носи дома во соседното село. Телото на таткото е едно од последните преместени, дури следниот ден.
„Еве едно мало предвидување. Детево нема да го објави ниту еден меинстрим медиум, без разлика колку се срцепарателни неговиот мал стас и јалова упорност.
Ниту една добро платена водителка на вести со совршена шминка нема со тажен глас да каже дека не може да ги гледа снимките. Ниту еден репортер нема да се соочи со саудискиот министер за надворешни работи, покажувајќи му слики, и порачувајќи му: ’господине, ова е воено злосторство’. Оваа трагедија нема да биде употребена од Советот за безбедност на ОН за јавна критика на криминалниот режим, кој неказниво убива цивили.
Детето треба да биде жртва на бомбардирање во друга држава за да добие вакво внимание на Западот. Некаде каде што бомбите што убиваат цивили не ги снабдува САД или Британија. Каде очигледните знаци на неухранетост нема да бидат тивка осуда против Саудиска Арабија што ја блокира испораката на храна, лекови и гориво за луѓето што се противат на нејзината инвазија.
Тоа треба да биде во Сирија, а не во Јемен.
Меинстрим медиумите очигледно имаат селективен пристап до децата жртви на воено насилство, според кој многумина едноставно не заслужуваат сочувство и медиумско внимание. Ваквиот слеп агол го покрива појасот Газа, каде минатата недела деца беа повредени и убиени од израелски војници што го чуваат граничниот ѕид. Или во бунтовниот исток на Украина, каде дузини деца беа убиени во гранатирањата од 2014, кога новите власти во Киев распоредија армија да се справи со бунтовниците. Или кое било друго место на светот каде насилството го врши ’правата страна.’
50 и нешто мртви на свадбата во Јемен едноставно ќе се додадат на воените статистики и со тек на време ќе завршат во последниот извештај на О.Н. или Амнести интернешнл. Малку е веројатно дека тие ќе влијаат на способноста на Саудиска Арабија да купува оружје од Западот, да добива разузнавачки информации од Западот за бомбардирањата, или да полни гориво во воздух.
Човек само мора да се запраша во што ќе порасне ова дете,“ пишува Антонов.