Таг: бомбардирање

Израел почна со бомбардирање да решава палестински хакери

Пред три години НАТО го прогласи „сајбер“ како официјално воено поле на модерното војување. Пред некој ден Израел за прв пат свика помош од воената авијација во справување со сајбер проблеми.

Борбата против ИСИС, или како да убиеш 70 терористи со авиони од 2 милијарди долари

Б-2 е еден од најневеројатните и најнапредни стратешки бомбардери на светот кој е создаван со цел да послужи во случај на нуклеарна војна со СССР. Дваесетина години од неговото воведување во служба, бомбардерот, кој заради цената е произведен во 21 примерок, доби задача да разбие збирштина од терористи сред пустелија.

Детето кое нема да стане заштитниот лик на војната во Јемен за милиони луѓе на Западот

Во една ужасна глетка по бомбардирањето на свадба во Јемен од страна на Саудиска Арабија, мало дете грчевито се држи за мртвото тело на својот татко сред урнатините. Ама можеш да ставиш кладба дека тоа нема да стане ликот на војната во Јемен во меинстрим медиумите, пишува Александар Антонов во РТ.

Сирија: Крвавата цена на западниот нарцизам

Овие Твитер бомбардери, овие Ајпед империјалисти, апстинираат од размислување. Тоа за нив е знак на кукавичлук и нерешителност. Според нив, мора да се делува и тоа веднаш. Тие немаат идеја каков хорор може да предизвика ескалацијата на конфликтот.

Кога цитат од Леонард Коен служи за да опишеш бомбардирања како „убави“

Koга во 30 секунди во живо новинар три пати ќе нарече ракетна офанзива „убава“, тој си го бара. Кога притоа ќе искористи и стихови на Коен, е тогаш треба и да си го добие. 

Војската на САД: Убивме 188 цивили во Сирија

Прелиминарна проценка на американската војска вели дека во нивните воздушни напади во Сирија загинале најмалку 188 цивили. Не им се прокнижени уште неколку напади но и заедно со тие жртви, пописот им е нашминкан, велат независни извори.

Зошто не се бомбардираше Аушвиц?

Поглаварот на Римокатоличката црква ги потсети денешните големи сили на едно непријатно прашање од Втората Светска војна: Кога веќе Сојузниците знаеле за ужасот во Аушвиц, зошто никогаш не ги бомбардираа железничките линии кои водат кон овој логор на смртта?

ИСИС е имуна на нападите

По 6-7 месеци сериозно американско бомбардирање, ИСИС изгубила само еден процент од територијата која ја држи.

Зошто да не ги бомбардираме сите муслимани во светов?

Автор на Гардијан ја иронизира "хуманитарната мотивација" на бомбардирање на џихадистите во Сирија и Ирак хиперболизирајќи ја идејата животот да се спасува со бомби.

Кој кого бомбардира и зошто?

Сирија е седмата држава која САД ја бомбардира по пресвртниот 11-ти септември. За првпат, Американците немаат релевантна сила на теренот која треба да ја помогнат, туку се надеваат дека бомбите ќе го создадат нивниот сојузник.