Амњериканските воздушни напади беа стартувани со идеја на локалните борци против исламистите од ИСИС да им се даде поддршка за да можат да ги вратат изгубените позиции.
Речиси седум месеци Американците бомбардираат од воздух а Курдите и ирачките државни сили бијат битки на теренот. Епилогот од таа офанзива е - ИСИС изгубила еден процент од територијата која ја држела пред почетокот на заедничките операции.
Исламистите изгубиле 270 квадратни милји, главно во северен Ирак, но сè уште држат 30.000 квадратни милји.
Пентагон неодамна се пофали со бројката на освоени територии но избегна да проговори за нејзиниот размер во вкупната ситуација на теренот.
Од 8-ми август минатата година, извршени се околу 2.000 воздушни напади на цели на ИСИС во Ирак и Сирија од кои 1.600 се на Американците.