По околу 200 воздушни удари изведени во текот на август и септември врз цели на ИСИС во Ирак, нападите се прелеаа и преку сириската граница за да се одржи ветувањето на Барак Обама дека ИСИС ќе биде разбиен и уништен.
Значи, се бомбардира ИСИС?
Главно, да. Примарната цел на воздушните напади се милитантите од оваа групација кои држат сериозни делови на Ирак и Сирија. Но, тоа не е единствената цел. Се бомбардира и групацијата Курасан.
Кои се Курасан?
Фракција на Ал Каеда, главниот играч на светската терористичка екипа. Организацијата на Бин Ладен своевремено се има откажано од Исис но Курасан е дел од нивната хиерархијат. Активни се на теренот и се противници на Исис. Практично, Америка бомбардира две завојувани страни на еден терен. Тоа не се случува првпат. Во Ирак 2003-та го правеше истото а во портфолиото стои и чудниот момент кога Талибанците се плаќаа за да се осигураат безбедни рути за носење помош за нивните непријатели, авганистанските сили за безбедност.
Дали Курасан се опасни?
Се проценува дека ИСИС е главната регионална закана но на светско ниво се безначајни ама дека Курасан имаат капацитет за изведување терористички напади надвор од регионот.
Значи, цела американска коалиција е против Исис и Курасан?
Не, петте арапски земји од коалицијата помагаат да се уништат првите додека со Курасан се пресметуваат само Американците.
Каде е во сето тоа сирискиот претседател Башал Ал Асад?
Нему во моментов му одговаат нападите врз Исис бидејќи е тоа групација која работа на негово уништување.
Значи, американските напади практично му помагаат на диктаторот кој до неодамна беше пикиран за бомбарирање.
Така испаѓа. Башар е оставен за подоцна бидејќи е проценето дека главната гангрена за регионалната стабилност во моментов се неговите противници.