Американската војска призна 188 недолжни жртви на своите воздушни напади во Сирија и Ирак кои започнаа во 2014 година. Во билансот не се процесирани уште 5 напади од 2016 и еден воздушен напад од 2015 година.
Воената проценка на САД е далеку под реалните бројки, сметаат независни групи кои се занимаваат со темата. Една од нив е Air Wars која ги мониторира цивилните жртви на меѓународните воени операции според која од американските бомби и проектили загинале најмалку 2.100 недолжни лица.
Од штабот на операциите соопштија дека добиле пријава за дополнителни 16 извештаи од кои 5 се покажале како кредибилни дека однеле колатерални жртви а дополнително се проценува и оној напад од финишот на годината кога наместо борци на ИСИС се погоди паркинг простор.
САД и коалиционите партнери досега извеле 17,005 воздушни напади; 10,738 во Ирак и 6,267 во Сирија. Воената операција досега ги чини преку 10 милијарди долари.
Војската соопшти дека жали за жртвите.