Фетула Узумџоглу и Езра Полат се венчале во градот Килис на границата со Сирија, област во која има илјадници бегалци од соседната земја.
Традиционално, свадбите таму траат од вторник до четврток и завршуваат со банкет, но оваа млада брачна двоја решила тоа да го направи поинаку. На идејата да се сподели радоста на младите со бегалците дошол таткото на младоженецот а семејствата бргу се договориле сите трошоци за свадбата да се насочат кон нив.
"Ми се чинеше несоодветно нашите семејства и пријателите да се гоштеваат со богати софри додека околу нас има толку многу гладни луѓе. Му кажав на синот и ме радува што тој веднаш прифати да ја споделиме радоста со помалку среќните од нас", рекол дедото.
Со дополнителна помош на тамошните хуманитарни организации, свадбата била искористена да се нагостат 4.000 бегалци. Славениците и самите делеле храна а нивните семејства се пресреќни што младите прифатиле својот заеднички живот да го започнат на еден таков несебичен начин.
"Да се гледа среќата и радоста во очите на сириските бегалци беа бесценети моменти. Го почнавме нашето заедничко патување правејќи други луѓе среќни и тоа чувство е прекрасно", изјави младата велејќи дека и нивни пријатели посакале да го сторат истото на своите свадби.