На свадба му дошле тетки, братучеди, комшии и Нголо Канте

Во светскиот фудбал има аксиома: Нголо Канте е со сигурност еден од најскромните и најпријатните играчи, далеку од бурниот живот на суперѕвездите од насловните страни. Канте е људина.

Нголо Канте може да го видите како вози Mini Cooper, иако според договорот заработува милиони во Челси со кои може да вози вселенски брод ако посака.

Тој е толку скромен, што лани откако беше еден од најдобрите играчи на Светското првенство кое го освои со Франција, некако срамежливо се сликаше со култниот златен пехар за освојувачот на Мундијал, несвесен дека е освоен благодарение на негова заслуга.

Деновиве Канте одново ја покажал својата добрина на дело.

Во месец мај годинава Нголо во болница го посетил верниот навивач на Челси Френк Халид (втор од лево на фотографијата). Халид правел операција пресадување на срце. Канте му донел неколку подароци и некое време разговарал со него на разни теми.

После неколку месеци откако закрепнал, Франк Халид го поканил Канте на свадбата на својата ќерка. Французинот прво одбил, затоа што во тоа време требал да биде во базата со репрезентацијата пред квалификациските натпревари за Евро 2020, но пред мечот со Норич во Премиер лигата, се повредил и не оптатувал во седиштето на светскиот шампион.

Слободното време го искористил да го изненади навивачот.

Канте дошол на свадбата, седел цела вечер, се фотографирал со гостите, давал автограми, зборувал со секој што му приоѓал, дури и им честитал на младите од бината.

А Френк Калид не е обичен навивач на Челси. Тој е сопственик на ресторанот Chak89 во Лондон каде редовно доаѓа Канте со нивните заеднички пријатели. На твитер профилот на ресторанот може да се најдат десетина фотографии на Калид со фудбалери на Челси. Тој често оди во тренинг центарот Кобхам. 

Покрај ресторанот, Калид работи и како спортски агент за куќата Touach Sky Group. Во Премиер лига тој им е менаџер на Кристијан Фукс и Бен Дејвис.

5 септември 2019 - 10:39