Бркаат трендови
Веројатно најголемата грешка. Бирање шминка што е тренд во моментов е најлесен начин да имаш фотографии што ќе те тераат на повраќање за 10 години.
Бараат драматичен изглед
Слично на претходното, не сакате да зажалите кога ќе гледате слики. Треба да може да се препознаете себеси на нив.
Бараат премногу мислења од другите
Секогаш бирајте тоа што вам ви се допаѓа, а ако мора, консултирајте се со еден до двајца луѓе на кои им верувате.
Не закажуваат пробна шминка
Некои не гледаат потреба во ова, но ако можете, одвојте пари за проба. Пробата овозможува да стекнете доверба во артистот и да се опуштите без да мора да го микроменаџирате на денот на свадбата. Можете да пробате и различни комбинации. Денот на свадбата не е време за пробување и грешки.
Бираат шминка затоа што изгледала добро на некој друг
За жал, не е секоја шминка добра на сечие лице. Се крои според типот на кожата и проблемите - на пример, се избегнува хајлајтер на нерамна кожа.
Ставаат надградба на трепки пред свадбата
Може да се добри, а може и комплетно да го сменат изгледот како што не треба. Најдобро е да се стават на крај, земајќи ја предвид формата на очите, шминката, косата и фустанот.
Инсистираат на dewy шминка
Трендот е супер, но не е добар ако ви треба трајност. Она што на почеток на денот почнува како „оросена, нежна, сјајна“ шминка, на крајот станува масна бомба на фотографии, особено ако имате и масна кожа.
Бараат минимална шминка
Минималната шминка веројатно нема да изгледа добро на фотографии. Може ви се чини како добра идеја, но малку ББ крема, маскара и лабело не се доволни за свадба. Дури и за најсовршената кожа „само камена пудра“ не е добро решение.