Додека ние го бричиме зетот

Холандски свадбарски фотограф прави фотографија од младенци која станува вирална и толку парови решаваат да ја копираат што почнува да ги изместува свадбарските традиции.

Како дел од предсвадбената фотосесија Мајкл Клустер фотографира младенци кои сред шума во својата свадбарска облека симулираат фелацио. Фотографијата станува вирална, и како што пишува Сирин Кејл за Вајс се повеќе младенци ја репризираат сцената на своите свадбени фотосесии. Некои обиди минуваат добро, некои, како британскиот пар кој реши дека место за ова е пред портите на грчка православна црква, за малку ќе беа линчувани.

Запрашан, како и зошто воопшто му дошло да ги постави младенците во таква поза, Клустер одма дефанзивно одговара, дека идејата не е негова, туку ја ископирал од американски сајт за свадби, „јас не сум првиот што го направил ова, само првиот чија слика станала вирална“.

По виралноста на „фалоцентричниот пристап кон свадбената фотографија“ Клустер добива поддршка и барања за ангажман од цел свет, нешто што не му прави многу мерак затоа што не сака да биде запаметен како „блоуџоб фотографот“.

Иако Клустер објаснува дека не би работел со парови кои би инсистирале на поголема реалност на сцената заради поголема автентичност, тој е спремен да фотографира обратна ситуација и да му учини на пар кој сака да има фотографија на која мажот е на колена.

1 ноември 2017 - 11:52