Првиот човек на CBS неодамна изјави дека ако безжичната револуција продолжи во насока на телевизиите, тие се подготвени да ја дистрибуираат својата програма директно до гледачите преку интернет и веб/мобилни апликации.
"Ако тв универзумот се промени а гледачите побараат директно да да добиваат нашата програма, ние можеме тоа да го сториме," изјави Лесли Мунвис.
И тоа звучи како супер работа; да си платиш само за каналите кои навистина сакаш да ги гледаш. Но, сметката е малку поинаква.
Пристоен кабловски ТВ пакет во САД чини околу 80 долари. Од тоа околу 5 долари одат за еден од најдобрите спортски канали ESPN (и нивниот сопственик Дизни). Дали тоа значи дека ако го побараш само тој канал, ќе треба да платиш само 5 долари? Не баш. Дизни е навикнат да собира пари од милиони кабловски претплатници кои го имаат ESPN во пакетот. Дали сит го сакаат тој канал во пакетот и дали сит го гледаат е помалку битно. Сите тие плаќаат и за него. Доколку приходот доаѓа само од директните гледачи на каналот, тогаш сметката на ESPN ќе биде во црвено и ќе мора драстично да ја зголеми претплатата за да може да ја плати продукцијата на програмата.
Втората причина која во небо ќе ја дигне директната претплата се рекламите. Парите од нив доаѓаат благодарејќи на милионската гледаност. Самостојното продавање на каналот сериозно ќе ја намали гледаноста па куќата ќе мора да најде начин да ги компензира загубите и на тоа поле. И третата причина се трошоците за транспорт, односно пренесувањето на програмата во висок квалитет преку веб.
"Простата математика вели дека претплатата само на каналот кој го сакате или ќе биде многу поскапа отколку што сте мислеле или нејзиниот квалитет ќе биде многу понизок од она што би прифатиле", вели експертот Дерек Томсон за Атлантик.