Доколку продолжи сегашното темпо со кое метастазира глобалниот денс хит 'Gangnam Style', Кореецот Пси ќе стане сопственик на првото видео кое прокнижило неверојатни една милијарда прегледувања на Јутјуб. Од јули до денес надмината е бројката од половина милијарда прегледи а рекордот би требало да се случи некаде во декември годинава.
Пред него сега се уште две музички видеа. Второпласирана е Џенифер Лопез со "On the floor", песна која од нејзиното лансирање во март 2011-та досега е слушната 612 милиони пати.
Прв е тинејџерскиот идол Џастин Бибер (особено посакуван во Охрид) чиј спот за "Бејби" го виделе речиси 793 милиони музички сладокусци.