Тагата ги доведува луѓето во ситуација кога одбираат решенија кои им носат краткорочни задоволства а ги игнорираат долгорочните предности.
Потврдено е со експерименти на Харвард, со две групи луѓе, од кои на едната група им биле пуштани видео сцени кои предизвикуваат тага.
Во различни расположенија луѓето од групите требале да донесат некои финансиски одлуки па утврдено е дека тажните преферираат потези кои им носат инстантно задоволство.
Во текот на целиот економско- психолошки експеримент, на секои 13 центи кои ги заработиле тажните учесници, останатите заработиле по 34 цента. Психолозите објаснуваат дека таквата финансиска кусогледост на тажните е разбирлива со оглед на тоа што човек првенствено се обидува да ја разреши негативната емоција со која е соочен.