Таг: тага

Една тага не ја чини депресијата

Знаејќи колку зачестија придавките „тажен“ и „депресивен“ во секојдневниот живот, важно е да се знае и дека овие два збора не се синоними. Експертите велат дека тие се во сооднос како пролетта и онаа една ластовичка која не ја чини истата. Правењето ваква разлика може да им помогне на луѓето да сфатат и кога им е потребна лекарска помош, за да се спречи излишно страдање.

„Пост-читачки блуз“: тагата кога ќе се заврши добра книга

Не важи само за книги, туку и за филмови, серии (особено за серии со голем број сезони) и други искуства кои ни овозможуваат втопување во друга реалност која ни нуди нешта што поретко ги добиваме во оваа - возбуда и исполнетост. Но кога книгата ќе заврши, тогаш - што?

Вистинската авторка на теоријата за петте фази на тагата

Веројатно сте чуле за неа. Теоријата за тоа како излегуваме на крај со најдлабоките таги вели дека тоа подразбира минување низ пет фази: одрекување, лутина, ценкање, депресија и прифаќање. Но во својата оригинална форма таа не се однесувала на соочување со смрт на близок, туку на сопствената терминална дијагноза.

11 зборови за тага и депресија од различни јазици

Една од најтешките работи кога не си расположен е кога ќе те прашаат „што ти е?“, а ти го немаш вистинскиот збор. Ништо посебно лошо се нема случено, ама се чувствуваш „осојничаво“, малаксано, немотивирано. Заборавете го „даун“, еве зборови од различни јазици кои го опишуваат истото. Ако ништо друго, да се има избор.

Градот Шапеко се прости од милениците

Болка и солзи на улиците на бразилскиот град Шапеко каде навивачите на Шапекоенсе за последен пат се простија од своите омилени фудбалери кои им донесоа толку многу радост изминативе години.

Незаборавниот гест на Оливер Кан

Баерн Минхен во 2001. година против Валенсија на Сан Сиро после продолженијата и подобро изведените пенали го освои пехарот во ЛШ по четврти пат во својата историја. Тоа финале ќе се памети засекогаш по еден од најемотивните настани во фудбалот.

Преговори се добиваат со плачење

Без разлика дали се преговара за плата, попуст или решавање политичка криза, најновите сознанија велат дека еден од најефикасните методи во преговарањето е човек да си заплаче.

На среќата ѝ е сеедно околу парите

Не е дека парите те прават среќен, туку помагаат да бидеш помалку тажен, е малата ама филозофски важната разлика што ја откриваат од Универзитетот на Британска Колумбија.

Зошто сакаме тажна музика

Дилемата е околу тоа што тажната музика може да предизвика силни емоции, но и покрај тоа типот на тага предизвикан од музиката во исто време е и пријатен на некој начин.

Тагата чини пари

Тажните луѓе носат лоши финансиски одлуки. А тоа е некако тажно.