Во студија објавена во журналот Frontiers in Psychology, се истражува идејата дека "музичките емоции" се придружени од два сета на емоции: "почувствуваните емоции" кои музиката ги побудува кај слушателот, и "очекуваните емоции" што слушателот проценува дека музиката ги изразува.
По тестовите, во кои на испитаниците им била пуштана музика за која требало да одговорат какви емоции им побудува, било заклучено дека почувствуваните емоции не содејствувале со очекуваните, како кај тажната така и кај забавната музика.
"Еден од одговорите е дека во секојдневниот живот ние обично доживуваме емоции кои имаат директна врска со предметот или ситуацијата која ги создала. Меѓутоа кога слушаме тажна музика (или гледаме тажен филм, или читаме тажна книга), ние сме изолирани од секаква вистинска закана или опасност која таа музика (или филм или книга) ја претставува.
Aко ова е вистина, тогаш она што го искусуваме кога слушаме тажна музика може да се толкува како 'инидиректни емоции'. Тука не постои предмет или ситуација кои директно ја предизвикуваат емоцијата, како во секојдневниот живот. Во овој случај чувствата се ослободени од суштинската нелагодност карактеристична за претходно споменатите, а истовремено црпат сила од сличноста со нив," пишува ко-авторката на студијата Аи Каваками за Њујорк Тајмс.