Експертите за ментално здравје кои зборувале за сајтот Лајфхакер, сметаат дека тагата е нормална емоционална состојба што сите ја искусуваме кога ќе загубиме близок, откако ќе се разочараме или ќе доживееме немил настан. Депресијата пак, е душевна состојба одбележана од постојана тага или „отсуство на задоволство во најголем дел од денот, речиси секојдневно во текот на две недели“. Одлучувачки диференцијален фактор помеѓу двете е времетраењето на искуството.
„Тагата многу зависи од моментот. Можно е некои денови просто да ве фати меланхолија. Можеби е до промената на времето. Понекогаш за нешто кое и не е така лошо, ќе си речете ’се чувствувам лошо што така испадна’, а тоа може и да нема многу-многу врска“, тврди психологот Бедфорд Палмер.
Депресијата, секако, е многу покомплексна и може сериозно да влијае на човечкиот живот. Палмер вели дека е тоа констелација од симптоми, вклучително и тагата, но има и многу други. Луѓето губат апетит, не спијат, имаат болки во стомакот, немаат концентрација, и не уживаат во работи во кои претходно уживале. Во овие случаи, имаме работа со нешто што е многу повеќе од само тага и со кое човек тешко може сам да излезе на крај.
Луѓето понекогаш реагираат и кога имале тежок ден на работа. И ова не треба се да се патологизира. Сепак, низа вакви непријатности може да доведат и до тоа „луѓе со години да живеат во депресија без да забележат“. Оттаму, најточно е депресијата да биде сфатена како спектар на состојби кои имаат различен интензитет, и оттаму различен степен на влијание врз животот на човекот.
Тоа не е исто што и да ве погоди тажна песна, па дури не е исто што и жалоста поради загуба на близок, која трае со недели но потоа со тек на време ослабува. Понекогаш депресијата не минува додека биолошката реакција не се промени, на природен начин или со помош на медикаменти.
Понекогаш доаѓа и до „спонтана ремисија“ но без третман и вовед на нови механизми за справување, обновеното здравје може да биде само привремена состојба над која демне опасноста за нов колапс во депресија. Оваа предиспозиција се споредува со имањето астма: можеби со години сте немале напад, но тоа не значи дека никогаш пак нема да имате.
Размислувањето за извршување на самоубиство е уште еден критичен симптом, кој повторно не треба да се разгледува во изолација, затоа што „не секој што има такви идеи е депресивен, и не сите депресивни луѓе сакаат да се самоубијат“.
Неколку работи се клучни во однос на тоа кога е време да се побара лекарска помош. Следно, потребно е следење на симптомите за да се утврди дали тие се влошуваат. Конечно, потребно е да се размислува вон прагот на подносливост: многумина се убедени дека не се депресивни затоа што се во можност да одат си ги обавуваат секојдневните обврски. Училиштето и работата се нешта кои повеќето од нас можат да ги толерираат долго време, додека се во депресија, а многу други аспекти од секојдневниот живот страдаат први.