Street Fighting Man (Уличен тепач)
За снимката од 1968 Ричардс прво се снимил на акустична гитара, оптоварувајќи ја тогаш „примитивната" касетна опрема со дисторзии.
„Тоа направи да се добие еден многу електричен звук, но истовремено да го имате оној чуден и убав ѕвон кој го дава само акустичната гитара. Тоа беше навистина бизарен начин на правење плоча. И сите нормално ме гледаа како да сум будала. Стојам среде огромно студио со оваа мала машина со касети, се нишам напред-назад пред неа со акустична гитара, а тие викаат „Што прави типов?"
Единствен кој му влегол во филм бил Брајан Џонс, и самиот бил слон кон експерименти. Тој на снимкава свири на ситар и тамбура.
„Street Fighting Man" била забранувана на некои станици во Америка. Била нарекувана „субверзивна", но Ричардс вели дека немал намера да биде провокативна.
„Сакав песната да звучи како француска полициска сирена. Тоа беше време кога сè се случуваше во Париз или во Лондон. Сите тие протести на таа генерација на која ѝ припаѓав, за добро или за лошо. Можевте да сметате на тоа дека некој во Америка ќе најде нешто навредливо во што и да е - и сè уште можете. Бог да ги благослови. Ја сакам Америка заради тоа."
Според Кит песната сигурно ќе биде дел од најавената тура на Ролинг Стоунс по повод јубилејот. „Овие рифови се направени да траат доживотно, ама знаете, сè уште работам на нив".