И докторите ги мразат дебелите

Без разлика што детално ги познаваат сите причини и околности за дебелеење, докторите имаат подеднакви предрасуди кон дебелите луѓе како и остатокот од јавноста.

Студија на 360.000 лица, вклучувајќи и 2.284 доктори открила дека кон лицата со прекумерна тежина постои висок степен на предрасуди, посебно истакнати кај машките доктори. Од друга страна, дебелите доктори имале повеќе разбирање за своите пациенти со прекумерна тежина.

Меѓу примерите за ваквото однесување: - докторите користат омаловажувачки зборови, сите проблеми на пациентите ги префрлаат на дебелината, па дури и одбиваат да спроведат одредени медицински процедури заради дебелината на пациентите.

Кога ќе се земе бројот на дебели луѓе во САД, ваквото однесување загрозува речиси две третини од популацијата на земјата кои се сметаат за прекумерно тешки.

Аналитичарите од Универзитетот Јеил, објаснуваат дека заради предрасудите, дел од дебелите пациенти може да се одвратат од посета на доктор, за да не се соочат со такво однесување.

12 ноември 2012 - 08:52