Истражувачкиот центар на Кедбери во близина на Бирмингем со гордост со најави својот револуционерен изум нарекувајќи го "чоколадо толерантно на температура'.
Додека стандардното чоколадо почнува да се топи на 33,8 степени, новата технологија овозоможува тоа да остане неколку часа на 40 степени без да се направи каша. Научниците на компанијата успеале да најдат начин да го разбијат шеќерот на помали делови намалувајќи ја количината мрснотии која го обвиткува со што станува отпорен на повисоки температури.
Иако Кедбери е една од оние компании кои Британците ги сметаат за своја национална гордост, проблемите настанаа откако беше соопштен дека новите чоколади нема да се продаваат на островот туку дека технологијата се чува за земји со потопла клима како што се Бразил и Индија.
Кедбери пред две години беше продаден на американскиот гигант Крафт за 11,5 милијарди долари, потег кој за дел од Британците беше рамен на национално предавство.
"Американците ни ветија дека ќе нашето чоколадо ќе остане британско. А сега го продаваат најдоброто од Британците во други земји", изјави парламентарецот Робер Халфон апелирајќи одговорните во Крафт и Кедбери уште еднаш да ја разгледаат својата одлука и на Англичаните да им овозможат чоколадни права како во другите земји.