
И додека луѓето зад статистикава, германската компанија Статиста, признаваат дека споредбата не е фер бидејќи приходите на Гугл од реклами се пресметани на глобално ниво, самата пресметка покажува ужасен пад на заработувачката на печатените медиуми.
Од 2006-та до денес има константен пад на парите што печатените медиуми ги собираат од рекламирање. Ако им е некаква утеха, минатиот месец и Гугл пријави "послаби резултати од очекуваните."
За споредба, во 2004-та приходите на Гугл од рекламирање биле неполни 5 милијарди долари. Истата година приходите на печатените медиуми биле над 69,9 милијарди долари.
Со ваквата состојба, интернетот стана вториот најголем медиум за рекламирање после телевизијата.