И покрај тоа што комплетно се изолира од електронски извори на вести или нотификации од кој било вид, сепак информацијата за масакрот во Паркленд некако успева да се пробие до Фарад Манџу од Њујорк тајмс. Освен инцидентот тој успешно го завршува 2-месечниот целибат.
Дури и на оние кои не се двојат од своите е-читачи би требало да им дојде грутка во грло од клипчево. На оние пак кои се искрени почитувачи на напишаното на хартија им е дозволено да пуштат и по некоја солза.
За првите 6 месеци од годинава, сите весници и списанија во САД заработиле 19,2 милијарди долари од реклами. Истовремено, по иста основа, Гугл сам заработил 20,8 милијарди долари.