Во околината на Шангај изградена е комплетно нова населба која е идентична реплика на Париз (барем делот околу Ајфеловата кула и околната населба).
На страна проблемот што го имаат Французите (со тоа што некој решил да им украде цел град), проблем имаат и Кинезите кои не знаат како да ја наполнат населбата. Во неа моментално живеат околу 2.000 лица иако е направена за над 100.000. Дури и од овие најголемиот дел се имигранти, градежници кои работат на доградба на комплексот.
Освен Париз, до сега Кинезите го имаат ископирано и идиличното австриско гратче Халштат, а на само еден час возење од кинескиот Париз се наоѓа и кинескиот Лондон.
Кинескиот Халштат беше завршен на почетокот од годинава и чинеше 940 милиони долари. Жителите на австриското гратче дознаа за копијата дури откако еден член на тимот архитекти ненамерно раскажал за проектот додека престојувал во еден хотел во Халштат.
Халштат
оригинал
копија
оригинал
копија
оригинал
копија
Лондон