Хопкинс објаснува дека најсреќен момент во изминатите неколку месеци е што морал да работи на два филма, па не можел да стигне да оди во Њујорк на најразличните средби со продуценти и луѓе од Академијата.
"Ми олесна што не мораше да бркам публицитет и средби лице во лице. Бидејќи, (а) не можам да го правам тоа и (б) не прави никаква разлика. Знаете, наоколу сум веќе долго време, и тоа што треба да бидам фин со луѓето, и да бидам шармантен и да флертувам со нив... дај ве молам. Луѓето премногу се трудат да им угодат на членовите на академијата и мислам дека тоа е одвратно," изјавил Хопкинс во интервју за Хафингтон Пост.
Според него целиот успех кај Оскарите сега зависи од освојување на клучните луѓе, на оние кои можат да ја донесат победата и нема никаква врска со филмот и уметноста.
"Луѓето ползат наоколу и им ги бакнуваат задниците на познатите продуценти и такви работи. Ми доаѓа да повратам. Толку пати сум го видел тоа. Минатата година гледав еден одличен продуцент и како сите му се улижуваат. Си мислам 'Што правите? Имате ли вие малку самопочит.' Сакав да кажам 'Ебете се,'" појаснува Хопкинс, кој е еден од можните кандидати за номинација за Оскарот за актер на годината, за улогата на Хичкок.