Компанијата Momentum Machines во Сан Франциско го отвори првиот од ланецот ресторани во кои комплетното готвење на храната ќе им биде оставено на роботи.
"Нашите машини заменуваат цела линија на готвачи кои подготвуваат хамбургери во рестрорани. Ова прави се што прават вработените, само што го прави подобро," стои во соопштението на компанијата.
Машините на компанијата произведуваат по 350 хамбургери на час. Ова не е само плескавица, туку комплетен бургер. Плус, за секој бургер зеленчукот ќе се сече веднаш пред да биде ставен во сендвичот.
Гостите ќе можат да ги прават бургерите по сопствени спецификации, менувајќи го односот на свинско и телешко во плескавицата.
Главната предност (на страна заштедата за работна сила) е што целата машинерија зафаќа нешто повеќе од 2 метри квадратни.