Зошто британските пејачи звучат американски?

Иако Адел има прилично силен лондонски акцент, нејзиниот пејачки глас е далеку по американски отколку што е британски. И ова не е само кај Адел.

Објаснувањето е дека уште од 60-те, од КлиФ Ричардс, Битлси и Стоунси, британските пејачи го копираат американскиот нагласок, бидејќи сите очекуваат поп и рок музичарите така да звучат.

Сите овие музичари се под големо влијание на афро-американскиот говорен англиски јазик на блуз и рокенрол музичарите како Чак Бери. Имитирањето на американскиот акцент обично вклучува преземање на американската звучност на самогласките и акцентот, односно изговарањето на "р" секогаш кога е во зборот (без разлика дали е на крај или не).

Од друга страна, и добар дел од американските музичари, како Били Џо Армстронг од Грин Деј, превземаат британски акцент за да звучат повеќе како антологиски музичари до типот на Џо Страмер од Клеш.

Меѓутоа дури и пејачите кои не се обидуваат да имитираат некој посебен вокален стил, на крај сепак го губат својот дијалект во крајната песна: интонацијата најчесто е потисната од мелодијата, должината на самогласките од траењето на секоја нота а ритамот на вокалот од ритамот на песната.

21 ноември 2012 - 10:43