"Kiss Your Dentist Goodbye" се вика книгата на американскиот доктор Ели Филипс од лондонската Guy's Hospital во која се релативизира добивката од чистењето заби со конец.
Таа вели дека таквиот начин на одржување хигиена на устата нема речиси никакви ефекти врз појавата на кариес и тотално никакви за болестите на непцата.
Забите се расипуваат од киселини, особено кога усните бактерии го преработуваат шеќерот. Од друга страна, гингивите страдаат од бактериските наслаги на забите кои со тек на времето зацврстуваат што може да ги расклати забите. Ни едната ни другата појава не се решава со конец.
Постојат и студии за ова (British Dental Journal, 2006.) кои покажуваат дека во поглед на кариесот не постои сериозна разлика меѓу оние кои кончаат и оние кои не кончаат заби.
Добар дел од колегите на Филипс признаваат дека научното објаснување е на нејзина страна. Дел од нив сепак веруваат дека конецот помага, само што ретко кој го користи правилно. За решавање на забните наслаги, потребно е со конецот да се оди околу забот во форма на јадица или буквата С. Тие потсетуваат дека оние што не ги чистат забите со конец и користат само стандардна четка, чистат само 60 проценти од забната површина.