Најдобриот спот на 21-от век

Со помината само една десетина од веков, од британскиот музички магазин NME решија да го изберат најдобриот спот на актуелното столетие.

"Вооружени со автомати, арапска облека со хипстерски шмек, накит и заразно играње, МИА и пријателите возат и шлајфуваат преку неверојатната пустинска рамница. Сочното и модерно видео е покажување среден прст на забраната за жени да возат автомобил во Саудиска Арабија. И сето тоа во време кога нашите поп ѕвезди генерално избегнуваат политички и социјални проблеми," пишува Луси Џоунс од NME.

Таа објаснува дека во предвид имала и други кандидати кои до сега го обележале 21-от век, како The White Stripes - Fell In Love With A Girl; Lady Gaga - Telephone; Outkast - B.O.B; Fatboy Slim - Weapon Of Choice; The Avalanches - Since I Left You; Beyonce - Put A Ring On It.

Спотот е сниман во Мароко, а режисер е Ромеин Гаврас. Пред 2 години М.И.А. и Гаврас го снимија спотот за песната "Born Free," во кој темата на - геноцидот врз црвенокоси луѓе.

13 ноември 2012 - 12:40