Во истражувањето објавено во Журналот за Урологија, за повреда на гениталиите се смета "траума која е значајна ако се има во предвид нејзината уникатно чувствителна природа и можните репродуктивни последици."
Истражувањето е направено за да се класификуваат причините за повредите, за да може да се најде начин како истите да се спречат.
Она што е позитивно околу целата работа е што речиси цела деценија (од 2002-ра) бројката на повреди се движи околу 16.000 годишно. По категорија, најголемиот број на повреди се од:
1. Велосипеди (1,212)
2. Жилети, ножици и грицкалки (1,089)
3. Патенти (951)
4. Паѓање во тоалет и слични несреќи (818)
5. Кошарка (309)
6. Бејзбол (240)
7. Скијање и сноубординг (182)
Повредите се почести во летно време, а од сите случаи речиси две третини се мажи. Жените единствено се неприкосновени по основа на повреди стекнати од бричење или средување на гениталиите.
Меѓу причините за повреди кои се наведени во базата се:
- Вагинална повреда од лизгање, по што штиклата влегла во нејзината вагина.
- Играше со петарди, кога дел од пиротехниката влезе во неговите шорцеви и го изгоре.
- Замавнуваше со чекан, кога се удри себе си меѓу нозе.
- Играјќи во клуб минатата вечер, паднала врз ќош на звучникот и си ја помодрила вагината.