Кит Ричардс бираше, на Џегер му е редот

Откако Кит Ричардс си ја одбра Street Fighting Man од купот кои ги исвирел во текот на изминатите 50 години, на ред е Mик Џегер.

Неговиот избор е "Gimme Shelter" (Засолни ме) od 1969. Песната има апокалиптична атмосфера, започнувајќи со стиховите „Бура му се заканува/на мојот живот денес/Ако не најдам засолниште/О да, ќе ме нема".

Деца, војна, силувања, убиства.. „Песната се снимаше во време на војна и тензија, и тоа е отсликано во неа. Но таа е актуелна и секогаш кога ќе се случи некаква голема бура, ураган, како оној од пред десетина дена. Прилично е користена за да потсети и на последици од природни катастрофи", изјавил Мик.

Стоунси наскоро ќе почнат турнеја која ги опфаќа Лондон, Њујорк и Њу Џерси. Мик, со неговите 69 години, оди на фитнес, ги вежба песните и си ги спрема телото и умот за напорот кој го подразбираат концертите. Има и една тајна: тазе гардероба.

„Тоа те прави да се чувствуваш добро. Ако имаш нова гардероба. Не можеш да излезеш на сцена и да изгледаш исто како последниот пат. Тоа ти ја помага трансформацијата. Истовремено не смееш ни премногу да се пресоблекуваш, затоа што луѓето ќе речат - ова не е рок група, рокенрол е кога ќе излезеш по маичка и ќе останеш во неа и кога е валкана. Ама тоа не е мојот пристап".

17 ноември 2012 - 09:26