Валтер Видемаер ја во вознемири армијата обожаватели на Кастелрутер Шпацен тврдејќи дека седмочлената група никогаш не свирела инструменти на ниту еден од нивните 40 студиски албуми колку што ги имаат намножено во своето 30 годишно постоење.
Тврди дека од она што може да се слушне на нивен албум, автентичен е само гласот на пеачот Норберт Риер. Останатото е отсвирено од студиски музичари а целата кариера на бендот е една гигантска измама.
Фолк составот облечен во традиционални кожни панталони, три децении произведува крајно неподнослива шлагерска умпа- умпа грозотија со шмек на Тирол, што Германците ужасно ги пали па досега им имаат купено вкупно 15 милиони албуми. Истовремено, бендот е добитник на 13 музички награди Еко, германскиот еквивалент на Греми.
Групата жестоко му возврати на својот екс продуцент, нарекувајќи го Јуда кој им забил нож в грбот.
Нивното објаснување за ваквата скандализирачка изјава на Видемаер е што тој наскоро треба да објави автобиографска книга па му е очајно потребен публицитет.
"Се надеваме дека книгата ќе му се продава добро за да може да ни ја плати отштетата кој судски ќе ја бараме," порача бендот преку нивниот сегашен менаџер.
А еве како звучат Kastelruther Spatzen: