Вести

Сите модели на вештачка интелигенција го мислат истото за луѓето

Различни модели на вештачка интелигенција биле прашани кој би бил нивниот најконтроверзен став за луѓето, без разубавување. Биле прашани трипати. Секој модел барем еднаш напишал дека луѓето прво го избираат она во што верува нивната група, а потоа ги измислуваат причините. 8 од 13 го дале овој одговор секој пат а Кими го дал истото мислење сите три пати.

Хакираниот Кушнер и милијардите од Заливот

Џаред Кушнер ги негира експлозивните обвинувања дека, додека бил висок советник во Белата куќа во првиот мандат на Трамп, имал пристап до тајни странски банкарски сметки со околу 2 милијарди долари од кралски семејства од Заливот и дека холандската разузнавачка служба го гледала како користи една од нив преку неговиот хакиран Ајфон. Деталите од приказната се мрсни.

Бујакаша!

Саша Барон Коен: Сатирата не е за смеење

Саша Барон Коен на големото платно го враќа еден од своите најпровокативни ликови, помпезниот и лажен  англиски „фраер“ Али Џи. „Фактот дека Али Г и денес е проблематичен е причината заради која решив повторно да го оживеам,“ објаснува Коен.

Речник

Пентагон сака да прави своја ЦИА

Министерството за одбрана на САД планира да формира сопствена единица од тајни агенти кои би шпионирале строго чувани економски тајни на Кина и други земји. Оперативците би се претставувале како бизнисмени, без јавна поврзаност и заштита од американската влада. На оваа иницијатива се спротивставува ЦИА, која не сака некој друг да ѝ се меша на „нејзиниот терен“. 

Азербејџан повеќе не сака да биде „малиот брат“ на Турција

Анкара и Баку нагло го загрозија договорот за сојузништво со „братски“ меѓусебни обвинувања поради забраната за носење шамии во азербејџанските училишта. Причините за судирот ги надминуваат идеолошките рамки. Баку ги продлабочува односите со Израел и не сака повеќе да биде третиран од Анкара како „помалиот брат“.

Не е лесно да си женско во Шпанија на Педро Санчез

Педро Санчез беше златниот дечко на западните прогресивни кругови. Промовираше феминизам но во воведе закони кои ја бришат суштината на законските заштити на жената. А додека неговата влада ветуваше дека ќе се справи со проституцијата во земјата, негов министер си набави проститутка од веб платформа.  

Колку чини да добиеш Еми?

Од големата тројка, Оскари, Глобуси и Еми, последните се единствените кои наплаќаат за влез. На страна картите, Холивуд троши сериозни пари во трката за Еми.

Стресот со тенк се избива

Ако медитација, голф, коцкање или алкохол не ви вршат работа во справување со стресот, тогаш можете да пробате како ќе ви оди со - тенк.

Состојба на зафатен

Едно истражување на 1.000 американски работници покажало дека Американците никогаш не престануваат да работат или па дека се околу нив е толку досадно што они попрво би да работат.

Наместена Еуро 2012 драма

Директно УЕФА е обвинета дека создала драма на еден од натпреварите на европското, и како за беља повторно тоа е натпревар во кој играла Италија.

Ѓубреџиите ја најавија грчката криза

Кога на Грците им беше убаво тие ги игнорираа сите што страдаа и не се ни потрудија да ја забележат сопствената пропаст, објаснува грчкиот режисер Христос Каракепелис.

Оскар за фризер на годината

Од следната година, за прв пат златното човече на Академијата ќе може да засвети и во некоја фризерница.

Зошто глупите не сфаќаат дека се глупи

Кога научник сака да ти објасни дека си глуп, кажува работи како "увид во недостатокот на сопствените интелектуални и социјални способности."

Тура, дувај, тура, дувај...

Не само што ќе треба да пазат дали пиеле кога возат, сега Французите ќе треба да пазат и дали со себе понеле и тест за алкохол.

Научниците го најдоа Господ?

Се очекува во среда научниците од ЦЕРН да објават дека им успеал експериментот и дека ја пронашле "божјата честичка," објавува Дејли Меил.

Дигиталeн индекс на моќта

По истиот принцип како и Оскарите, Дејли Бист, изработи индекс на најмоќните ликови во дигиталниот свет. Исто како и на Оскарите, и тука нема главна награда, туку 10 награди во 10 категории.

Што се случи на европскиот самит?

Во ситните часови по полуфиналето меѓу Италија и Германија, италијанскиот премиер и германската канцеларка, на продолженија го играа веројатно најважниот натпревар во историјата на ЕУ.

Мекдоналдс, од позади шанкот

Вработен во Мекдоналдс најотворено седна на Редит да одговара на прашања за неговото искуство во компанијата. Излезе дека човекот всушност си ја сака работата.

Шампионот на ризла

На глобално ниво, канабисот ја држи тројната круна како најпроизведувана, најшверцувана и најконсумирана дрога во светот.

Путер без предигра

Британскиот синџир пекари, Варбуртон, го реши веројатно најгорливиот проблем што може да ја попадне западната цивилизација - мачкање на стврднат путер.

1 минута = 61 секунда

Официјалните мерачи на времето пресметале дека треба да се додаде 1 секунда на минутата, за часовникот да одговара со движењето на Земјата.

Турските серии ќе го спасат светот

22 светски научници седна и пресметаа дека растот на популацијата во земјите во развој ќе биде погубен за светските ресурси. Она што не го ставиле во равенката се - сапунските серии.

Има затоплување, ама не знаеме колку?

Тргнувајќи од старата "на што не сме се навикнале, па на ова," или "што не било, па ова," ЦЕО-то на Ексон го изложи својот план за справување со глобалното затоплување.

Големата кинеска драма

Ако мислите дека најлошо нешто што може да направи жена ви кога ќе дознае дека имате љубовница е да ја прегази девојката, тогаш не ни знаете што се случува во Кина.

Фабрички сечени

Добра вест: една од тајните состојки на Кока-кола и Пепси е алкохол. Лоша вест: не толку колку што вие би сакале.

Куфер дипломатија

Четири години откако на блиските им кажа дека "ниту во милион години" не планира да стане Државен Секретар, Хилари Клинтон постави рекорд за најшетан секретар во историјата.

Цивилизација на месо

Математиките се дека месото има поголемо влијание на животната средина отколку која било друга храна. На пример, за да стигнеме од ништо, до една плескавица, потребни се 200 литри вода. Само за една плескавица.

Пеглањето и машката среќа

Најновите истражувања покажуваат дека женското лоби не знае баш најдобро да ги искористи врските што ги има во ПР светот и дека многу очигледно сака да ги намести мажите.

Белото не стигна во Романија

Австриската полиција на границата со Унгарија сопре колона од 3 комбиња во која заплени 9,5 тони шверцувана стока наменета за романскиот пазар.

Сардисале лондонскиот стадион

Атмосферата е вжештена, елитните единици веќе ги зафатија своите места а забележано е нивно прегрупирање во деловите околу стадионот во Страдфорд и Олимпиското село. Сексуалните игри можат да започнат.